
Општинското јавно претпријатие „Еремја“ Вевчани е основано како јавно претпријатие со Одлука за основање на јавно претпријатие на Совет на Општина Вевчани од 09.07.1997 год со бр. 08-23/2 , со седиште во Вевчани и истото е регистрирано во Основен суд Битола со трговски регистарски број 374/97 од 11.07.1997 година.
Пречистениот текст на Статутот на ЈП „Еремја“ Вевчани е одобрен и усвоен од Управниот одбор на претпријатието на 25.02.2013 година со арх.бр. 03-67/7 .
ЈП „Еремја“ Вевчани има својство на правно лице, кое може да стекнува право на подвижни и неподвижни предмети, да стекнува права и да презема обврски. Претпријатието одговара за преземените обврски со сиот свој имот и тоа е самостоен субјект со целосна одговорност.
Со работата на претпријатието раководи Директор на претпријатието, што го избира, односно разрешува Градоначалникот на Општина Вевчани, а изборот се врши врз основа на јавен конкурс, со мандат од 4 (четири) години.
Орган на управување на претпријатието е Управниот одбор. Управниот одбор се состои од пет (5) члена, кои ги ги именува односно разрешува основачот Управниот одбор од редот на своите членови избира претседател со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Управниот одбор. Управниот одбор на претпријатието го донесува статутот и другите акти на претпријатието; ја усвојува програмата за работа и развој на претпријатието; ја утврдува деловната политика; ја усвојува годишната сметка и извештајот за работење на претпријатието; одлучува за употреба на средствата остварени со работењето на претпријатието и покривањето на загубите и друго.
За вршење контрола на материјално-финансиското работење на претпријатието се формира Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење од пет члена. Членовите на Надзорниот одбор ги именува односно разрешува основачот. Надзорниот одбор задолжително ги прегледува годишната сметка, извештајот за работење и тромесечните извештаи за финансиското работење на претпријатието и по прегледувањето му дава мислење на Управниот одбор.