Упатство за користење on line плаќање

Услугата on line плаќање овозможува брзо и без регистрација на нашиот портал да ги платите своите фактури.

Чекор 1 – Најава на порталот со телефонски број или број на сметка

  • Доколку се најавувате со телефонски  број потребно е да го внесете Вашиот телефонски во празното поле
    • Со притискање на копчето “Прати код” автоматски ќе Ви стигне код преку смс порака на Вашиот телефон
    • Кодот го внесувате во празното поле за код и кликате на копчето “Внеси код“
    • По најавата ќе Ви се појави листата на фактури за плаќање, прикажувајки ги број на фактура, износот на фактурата во ДДВ, датум на фактурата и името на корисник.
  • Доколку се најавувате со број на сметка потребно е да кликнете на копчето “Платете сметка преку број на сметка“
    • Во празното поле внесете бројот на сметка кликате на копчето “Внеси сметка“
    • По најавата ќе Ви се појави листата на фактури за плаќање, прикажувајки ги број на фактура, износот на фактурата во ДДВ, датум на фактурата и името на корисник.

Чекор 2 – Бирање на фактури за плаќање

  • По најавата ќе Ви се појави листата на фактури за плаќање, прикажувајки ги број на фактура, износот на фактурата во ДДВ, датум на фактурата и името на корисник.
  • Во овој дел можете да ги погледнете тековните платени/неплатени фактури
  • Горе лево во полето “Приклучок“ може да бирате за кое броило сакате да ги гледате сметките
  • Услугата овозможува едновремено плаќање на една или повеќе фактури, со штиклирање на фактурите кои сакате да ги платите
  • Изберете кои фактури сакате да ги платите со одбирање на квадратчињата во најлевата колона од табелата.
  • Вкупно (во денари) е сума од износите на сите фактури штиклирани во листата и истиот ќе биде наплатен од Вашата платежна картичка. Со притискање на копчето “Плаќање” одлучувате дека сакате да ги платите тие сметки
  • За да продолжите понатаму кликате на копчето “Плати“ и веднаш ќе бидете префрлени на следната страна кон Халк Банка

Чекор 3 – Внесување на податоци од Вашата картичка

  • Внесувате податоци од Вашата платежна картичка за да се реализира платежната трансакција.
  • Додека сте пренасочени на веб страницата на Халк Банка, ЈПЕремја нема увид во податоците што ги внесувате.
  • На оваа страница имате можност да ги потврдите внесените податоци и да продолжите понатауму, или да се откажете од електронското плаќање сметки. Се уште се наоѓате на страницата на Халк Банка.
  • Доколку трансакцијата е успешна ќе Ви се врати порака “Успешна трансакција“

Чекор 4 – статус од платежната трансакција

  • По извршување на плаќањето, повторно сте пренасочени на веб страницата на ЈПЕремја, каде што ќе добиете информација за успешноста на трансакцијата.